Нова „Импровокација“ на 14-ти октомври во Охрид

- Локални
1064

Оваа сабота (14-ти октомври) во охридскиот народен театар ќе се игра „Импровокација“. Импровокатоирете Никола Тодороски, Стрезо Стаматоски и Филип Кипровски ќе ја забавуваат публиката во подрумските простории на Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 20:00 часот. Билетите по цена од 150 денари можат да се набават во текот на неделава во музичката продавница Зи Зи Топ, а на денот на одржување на шоуто ќе чинат 200 денари.

Станува збор за втора епизода од третата сезона на Импровокација за која импровокаторите потенцираат дека се игра токму во прајм тајмот на изборниот молк.

Strugaonline

Facebook Коментари