Нова вредна донација во одделот за Анестезија, реанимација и интензивно лекување при ЈЗУ Општа болница Охрид

- Локални
1124
Одделението за Анестезија, Реанимација и Интензивно лекување при ЈЗУ Општа болница Охрид е збогатено со нова, современа медицинска опрема која ќе придонесе за уште побезбедно и поефикасно спроведување на тешки интубации.
Донацијата опфаќа:
1. Два конвенционални ларингоскопски сета со пет шпатули по Macintosh
2. Еден неонатолошки конвенционаленларингоскопски сет со три шпатули – Macintosh F.O, Miller F.O
3. Ларингоскопски сет со флексибилен врв за тешка интубација – Macintosh FLAOLIGHT со три шпатули.
Оваа опрема, претставува клучен елемент за секојдневната и безбедна работа на тимот, особено во итни состојби каде навремената интубација може да спаси живот, велат од ЈЗУ Општа болница Охрид.

StrugaOnline

Facebook Коментари