Нови линии на Wizz Air, од Охрид ќе се лета за Милано, Катовице и Вроцлав

- Локални
49

Идната година аеродромот во Охрид добива две нови директни линии и враќа уште една. Авиокомпанијата истовремено ќе го базира шестиот воздухоплов во својата база на Меѓународниот Аеродром Скопје, што е значаен чекор напред за поддршка на нивната експанзија со нови авиолинии на македонскиот авијациски пазар.

Со билетите кои се достапни веќе од денес, Wizz Air додава пет нови линии во својата мрежа, идната летна сезона на летање која почнува на крајот од март 2026, Меѓународниот Аеродром Скопје за прв пат ќе се поврзе со Неапол (Италија), а повторно ја воведува дестинацијата Будимпешта (Унгарија). Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид пак, добива директни летови до Милано Малпенза (Италија) и Вроцлав (Полска), а ја враќа рутата до Катовице (Полска).

StrugaOnline

Facebook Коментари