Ново „БИСТРО ВИЛИЏ“ во комплексот „Village Вања Камчев“

- Локални
4108

Во среда, на 01 Август 2018 година во 11.30 часот во комплексот „Village Вања Камчев“ ќе започне со работа новиот ресторан „Бистро Вилиџ“.

Ресторанот е лоциран во комплексот „Village Вања Камчев“ (поранешен Отекс), на 250 метриод Меѓуградската станица Охрид и 1 км од пристаништето. Истиот е на површина од 20.000 м2, со голем покриен паркинг за 300 возила.

Комплексот „Village Вања Камчев“ има повеќе објекти и содржини распослани околу летната тераса со поглед на фонтана, сопствено шеталиште, клупи за одмор, цвеќиња и природа. Во склоп на комплексот се „Игротеката Вања“, хотелот „Village“, ресторан од висока категорија.

„Игротеката Вања“ се простира на 800 м2, нуди внатрешни и надворешни забавни активности за деца од сите возрасти. Опремена е во најмодерен стил со најомилените играчки и реквизити, и веќе една година е омиленото место за секојдневна забава, родендени и едукативни активности на нашите најмлади гостинчиња.

Новиот хотел „Village“ има на располагање 40 соби. Со модерниот, лесен дизајн, пријатното фоаје, ресторанот од висока категорија со тераса и поглед кон фонтаната и природата, хотелот нуди можност за опуштено уживање и дружење. Хотелот располага и со VIP сала за состаноци и конференциска сала.

Во склоп на Трговскиот центар се наоѓа и КАМ Маркет, најпосетуваниот маркет во Македонија. Трговскиот Центар е во план целосно да биде отворен наредната година. Со своите 12.000 м2 продажна површина, тој ќе биде најголемиот регионален трговски центар во нашата земја.

Понудата на нашиот комплекс „VillageВања Камчев“ сега ја збогатуваме со уште една содржина: новото „Бистро Вилиџ“! Бистрото има мало но слатко мени, како и висококвалитетни оброци. Убедени сме дека најслатки ќе Ви бидат неверојатно ниските цени, достапни за сечиј џеб. – информира менаџментот.

„Ве каниме на нашата прослава по повод свеченото отварање на 1. август 2018 год. во 11.30 часот. За првите посетители на денот на отворање следува дополнителен попуст од 50% на целата храна од 12.00 до 16.00 часот, како и бесплатно кафе во текот на целиот ден.“ – додаваат од „БИСТРО ВИЛИЏ“.

Strugaonline

Facebook Коментари