Ново стенд-ап шоу на Никола Тодороски, ,,Рециклирани конфети“ во сабота пред охридската публика

- Локални
460

На 20.02 со почеток во 19:00 часот во ЦК ,,Григор Прличев“ во Охрид публиката ќе има можност да го проследи новото стенд-ап шоу на актерот и стенд-ап комичар Никола Тодороски насловено како ,,Рециклирани конфети“

-,,Рециклирани конфети“  е стендап шоу исполнето единствено со оригинална комедија. Како да се биде патриот, како да се справиш со улогата на родител и татко, како да ја направиш среќна сопругата, како да преживееш ден без да те обземат лоши чувства, како да се сватат новите генерации, сето ова се само дел од темите со кои Никола се шегува во ова неверојатно шоу. Доколку сакате сериозно добра комедија ова шоу е за вас. Ве предизвикувам убаво да си поминете барем час и петнаесет минути.-информираат од Охридскиот центар за култура.
За загревање на публиката ќе се погрижат Никола Сиљаноски и Илија Богданоски.
Билети само со резервација на: 075 283 066, цена 200 денари.Влез на публика од 18:30 часот, почеток 19.00 часот!
 Задолжително е  носење заштитна маска.  За време на настанот важи протоколот кој е одобрен од Комисијата за заразни болести, а се однесува на настани во затворен простор. Бројот на билети е ограничен на 30% од капацитетот на големата сала.
Strugaonline

Facebook Коментари