Новогодишна магија во Helen Doron Struga
Последните денови од 2025 година донесоа магија во просториите на Helen Doron English Struga.
Со возбудливи часови учениците ја испратија 2025 година.
Срца исполнети со љубов, лица со широки насмевки и очи полни големи соништа и посакаа добредојде на Новата година.
Последниот училишен ден во 2025 година го исполнија со заедничка изработка на новогодишни честитки. Сите на едно место, од најмали до најголеми испратија искрени желби за успех на училиштето кое го бои нивниот живот во боите на среќата.
А умните деца секогаш ги посетува Дедо Мраз кој и оваа година им приреди изненадување со своето присуство и изнуди насмевки и возбуда кај децата.
Им подели подароци, ги праша за нивните желби и им посака година полна здравје и среќа.
Вистинско изненадување имаа и фудбалерите кои имаа прилика лично да го запознаат струшкиот талентиран фудбалер Исник Алими. Олицетворение на талент поткрепен со труд, кои од терените во Струга го однесоа се до големата Кина.
Хелен Дорон повторно покажа дека децата во Струга добиваат многу повеќе од англиски јазик. Добиваат вредности за цел живот. Добиваат искуства, спомени,пријателства и отворени врати кон Светот.
Со желби за добро здравје, исполнети соништа и мечтаења кои ги достигнуваат ѕвездите, Helen Doron English Struga ги испрати учениците на зимски одмор.
Доколку сакате и Вашите деца да бидат дел од една магична заедница, контактирајте ги преку нивните профили на Facebook и Instagram или на 077558962.
StrugaOnline

