Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид викендов ќе ја реализираат еколошката акција „Охрид ЕКО 2025“, за чистење на дното на Охридското Езеро од цврст отпад.
Во сабота, на 10-ти мај 2025 година, на повеќе локации, тие ќе го чистат езерското дно од секаков вид отпад, ќе се чисти кај Градското пристаниште, Љубаништа, Заливот на коските, автокампот „Градиште“ и кај селото Калишта, во акцијата ќе учествуваат околу 100 нуркачи од земјата и регионот.
– Акцијата ќе започне на Градското пристаниште во Охрид во 11:00 часот. Целта на акцијата што се организира четврта година по ред пред главната туристичка сезона е заштита на биодиверзитетот, подигнување на свеста кај населението и зачувување на природната убавина на eзерото, велат од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид.
фото: НЦ „Амфора“
StrugaOnline
Facebook Коментари