Објавен е оглас за личен асистент на лица со попреченост во Струга

- Локални
1154

Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија за мерката 3.3 Обуки за побарувани занимања, финансирана од Буџетот на Агенција за вработување на Република Северна Македонија, на ден 06.03.2019 година, објави повеќе огласи меѓу кои и огласот за Личен асистент на лица со попреченост, Скопје, Куманово, Струмица, Битола, Неготино, Гостивар, Струга, Куманово, со завршено најмалку средно образование. Огласот трае до 20-ти март.

Заинтересираните кандидати треба да се пријавуваат  во Центарите за вработување, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот. Детални информации можат да се добијат во работните клубови на Центрите за вработување, на контакт телефон  02/3111-850 како и веб страните на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија www.av.gov.mk и Министерство за труд и социјална политика на Република Северна Македонија www.mtsp.gov.mk

Strugaonline

 

 

Facebook Коментари