После преговорите, подготовките и обезбедените 200.000 УСД во прва фаза, објавен е Огласот за Изработка на Менаџмент план за заштита на сливот на Охридското Езеро. Овој план за прв пат ќе биде билатерален и ќе биде во согласност со Европската рамковна директива за води. Планот ќе ги даде правците за управувањето со сливот што треба да обезбеди и заштита на Езерото. Период за изготвување на планот е 1,5 година , а аплицирањето е отворено до 25 Септември
“ Донесовме уште една вредност за Охрид, Струга и другите населби во сливот. Ова е алката што недостасуваше во управувањето со Охридското езеро и целиот Дримски Басен. Тоа е момент и за мобилизација на сите стручни ресурси,затоа што овој План ќе ги даде правците за иднината и на Езерото но и на општините во Сливот. Немам што друго да додадам освен дека лично сум горд што обезбедивме средства за реализација во рамките на компонента на ГЕФ Дримскиот Проект и да повикам на заедничка работа во интерес на Езерото и сите нас во сливот. “ вели Дejaн Пaновски -координатор на ГЕФ Дримскиот Проект.
Објавениот оглас можете да го најдете на следниов ЛИНК
Facebook Коментари