Објавена книга за Евреите во Штип од Мишо Китаноски
Денес петок, 10 март 2023 година во општина Штип беше промовирана најновата книга на новинарот и публицист МИШО КИТАНОСКИ со наслов „Евреите во Штип, од доселувањето до холокаусот “. Издавач на книгата е Еврејската заедница во Република Македонија и посветена на 80-годишнината од Холокаусот на 7.144 македонски Евреи кои животот го го завршиле во 1943 година во фашистичкиот логор Треблинка, изграден во окупираната Полска.
Покровител на одбележувањето на 80-годишнината од Холокаусот на Евреите во Македонија и промоцијата на книгата се Министерството за култура, Еврејската заедница во РМ, Фондот на Холокаусот и домаќинот општина Штип.
Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

