Културно-научната манифестација „Печалбарски денови“од Вевчани во знак на одбележување на 47 – годишнината од своето постоење ја објави книгата со песни „Вода за Свети Спас“ од вевчанецот Петре Алулоски.
Oваа книга е плод на ангажирањето на неколку вевчанци со што се докажува максимата од Вевчани за кои поетот на општо задоволство нашол лична инспирација и воспеал многу настани почнувајќи од доселувањето во населбата па се до изградбата на водоводот за манастирот „Св.Спас – Горни “на планината Јабланица.
Во песните авторот Алулоски е подеднакво исполнет и со тага и со радост за се она што тој сакал да се оствари, затоа неговите песни се читаат во еден здив. Во книгата авторот П.Алулоски објавува и мал вовед во којшто појаснува за што пишува, но и за значењто на пишаниот збор во одбрана на македонството и македонскиот идентитет.Во книгата е поместена и неговата прва песна што ја напишал во 1952 год.за време на своето средношколско образование. Авторот Петре Алулоски многу свои песни ги посветил на познати и признати вевчанци со што остава трајна поетска трага во животот на оваа позната и надалеку афирмирана населба.
Тимот што ја подготви книгата со песни „Вода за Свети Спас“ од Петр Алулоски е составена од вевченци кои со своето творештво оставаат трајна трага, а тоа се афористичарот Сашо Бетоски, Мишо Китаноски потпишан како уредник на книгата, сликарот Христо Чочороски чија слика во масло од манастирот Свети Спас – Горни е поместена на корицата, Билјана Лотеска, која со својот дизајн се грижеше за убавината на изданието и Ленче Коруноска – библиотекарка во Вевчани. Сите тие придонесуваат книгата на поетот Петре Алулоски да се вброи во убавите изданија од ваков вид кај нас.
Планирано е промоцијата на книгата „Вода за Свети Спас“од Петре Алулоски да се одржи во средината на месец септември во духовниот храм „Св.Никола“во Вевчани во кој не само авторот туку и сите потпишани во изданието се крстени во него што е уште еден доказ колку авторот и вевчанци си го сакаат своето Вевчани.
Текст и фото: Стојан Кукунешоски
Facebook Коментари