Обука на тема „101 Бизнис можности во Македонија” во Струга

- Локални
1196

На 12-ти мај, 2018 во хотел Дрим – Струга ќе се одржи бесплатна обука на тема: “101 Бизнис можности во Македонија”, а обучувач ќе биде Јован Сталевски.
Обуката е наменета за млади од 16 до 25 години од Југозападна Македонија (Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Ресен и Битола).

Патот по кој што претприемачите мораат да поминат, за да ги развијат своите компании, не e лесен. Особено во земјите во развој како Македонија. Но сепак, и кај нас постојат многу успешни бизнисмени кои го оствариле својот сон токму тука.

Главната цел на оваа обука е да ве инспирира и информира за бизнис можностите кои постојат во Македонија. Дополнителна цел е да ве направи свесни за поврзаноста меѓу претприемачката културата и опкружувањето врз успехот на претприемачите.

Обучувачот Јован Сталески e претседател на Competency based Economies Through Formation of Enterprises – ЦЕФЕ Македонија , има реализирано 157 обуки со 3470 учесници на тема претприемништво и кариера во Европа, Азија, Африка, Средна Америка.

Бројот на учесници е ограничен.
За повеќе информации, сите заинтересирани треба да се обратат на меил адресата [email protected] или на телефон 072590966.

Обуката се организира во рамки на грантот “ПОДОБРИ СЕ – ЗАЈАКНИЈА ТВОЈАТА ЗАЕДНИЦА”финансиран од Проектот на УСАИД за граѓанско учество, кој се спроведува од страна на грантистот Локална агенција за развој – Струга.

Strugaonline

фото: архива

 

 

 

Facebook Коментари