Лев банер Десен банер

Обука за НВО и Локална Самоуправа-еве како да се пријавите за учество

Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ од Скопје ве поканува на тренинг за јакнење на капацитетите на граѓанските организации и активисти за следење и известување на незаконито постапување на локалната самоуправа што  ќе се одржи на 17 септември 2020 година /четврток/ од 12-14 часот на платформата ЗООМ.

За да ви биде доставен zoom линк, пријавете се на  struga@americancornersnmk.org

,,Тренингот е наменет за претставниците на органите на локалната самоуправа, државните органи, локалните граѓански организации и активисти и е фокусиран на примената на Законот за заштита на укажувачите, Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и Законот за постапување по претставки и предлози на локално ниво.

За учесниците на настанот ќе бидат обезбедени сертификати за учество. Овој настан е дел од проект делумно поддржан од Амбасадата на САД и ќе се реализира во соработка со Американското катче – Струга.“ -информираат од Американско катче Струга.

За дополнителни информации може да се обратите на events@isie.org.mk

Strugaonline

error: