На тема ,,Духовите на радиото“ од 22-ри април до 9-ти мај ќе се одржи ,,Радио ателје-Струга“ со Харис Сахачиќ од Босна и Херцеговина. Сахачиќ е прв од тројцата уметници- резиденти во пролетниот циклус од проектот ,,Уметникот во заедницата – резиденција и развоен хаб, Вишни.“
-Идејата позади радио ателјето е дружење, размена на знаење и создавање без страв од слободата. Поканети се сите луѓе од регионот на Струга и Охрид, кои сакаат да ја истражуваат морфологијата на артикулацијата, звучните пејсажи, акустичните украси и музицирањето со звук.-информираат од ,,Инка“.
Додаваат дека Харис подготвил интерактивни теренски работилници низ охридскиот УНЕСКО регион за учење преку пракса, а ИНКА ќе ги обезбеди трошоците за локален превоз и освежување.
-Сите заинтересирани за учество можат да се пријават на [email protected]стои во соопштението.
Резиденцијата е овозможена преку WBF move funds, преку програмата за култура и креативност на Западен Балкан, имплементирана од страна на УНЕСКО, финансирана од Европската унија. Активноста е поддржана и од Министерство за култура , а партнер во проектот е и Minipogon, Србија.
Strugaonline
Facebook Коментари