Од 23 до 29 септември, Европски денови на културно наследство во НУ Музеј „Д-р Никола Незлобински“ Струга
Од денеска, 23 септември до 29 септември во Македонија по 30-ти пат ќе бидат отворени Европските денови на културното наследство.

По тој повод Национална установа Музеј „Д- р Никола Незлобински“ Струга подготви богата и разновидна програма со работилници, филмови и изложби.
23 Септември – Вторник
–Ревија на етнолошки документарни филмови, со почеток во 14:00 часот во Спомен дом на браќа Миладиновци, ќе ги прикажува Никола Евров- виш кустос етнолог.
25 Септември – Четврток
–Едукативна работилница „Инсектариум“, со почеток во 14:00 часот во Спомен дом на браќа Миладиновци, предавачи: Данче Аџиоски, виш кустос биолог ботаничар и Сејмира Дибра Ќура, кустос биолог зоолог
26 Септември – Петок
–Едукативна работилница: „Вовед во археологија за младите истражувачи”, со почеток во 14:00 часот во Дворот на управна зграда на Музеј Струга, предавачи: Цветлана Василевска, виш кустос археолог и Светлана Наумоска, кустос археолог.
Влезот е слободен во сите поставки на Музеј Струга
За повеќе информации обратете се на телефонскиот број 046 786 644 или во Национална установа Музеј Струга.
StrugaOnline
