Oд 25-ти до 27-ми јули учествувајте во креирање на Mозаикот на Струга

- Локални
1100

Од 25-ти до 27-ми јули со почеток од 09:00 часот пред Платото кај Споменикот на Револуцијата во Струга ќе се креира мозаикот на нашиот град.

„Дојдете сите заедно да го креираме Нашиот Мозаик, во соработка и хармонија – секој да сложи своја „коцка“ во Мозаикот на Струга. Да створиме нешто трајно кое ќе преставува симбол на нашата заедница и наша заедничка креативна моќ!
Сите сте поканети, млади и стари, големи и мали!“ – велат организаторите на настанот.

Изработката на мозаикот е дел од програмата на фестивалот „Ynё Bizim Nostru Наш Amaro Naš Festival”

Учесниците во креирањето на мозаикот ќе бидат  предводени од искусниот мозаичар Столе Илиев и неговите помошници.

Свеченото откривање на Мозаикот ќе се случи на 27 јули во 19 и 30 часот.

Настанoт е дел од проектот „Декада на припадност – Славење на различностите“, кој се реализира со цел  да придонесе во подобрување на меѓуетничките односи во југозападниот регион, преку зајакнување на соработката меѓу граѓанските организации, јавниот и приватниот сектор. Проектот е финансиран од Европската Унија, а го имплементираат Локална агенција за развој од Струга и Граѓанската организација „Креативни и активни“ од Струга.

Извор: Strugaonline

Facebook Коментари