Од 4т-и до 6-ти август во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржи Културен форум „ПРЕДАНИЕ И КОНТИНУИТЕТ“ .
Тема:
ПОСТМОДЕРНА
Во описот на настанот заинтересираните веднаш го добиваат одговорот на прашањето – зошто културниот форум „Предание и континуитет“ – 2017 се одржува во знакот на постмодерната?
Затоа што таа е единствениот жив глобален феномен во актуелната историја, кој со предностите, противречностите и слабостите ги мачи подеднакво сите проникливи умови. Со оглед на неговите разнообразни квалитети ќе биде изложен на искрена критика. За да биде сеопфатно разбран ќе биде разгледан од трите базични дискурси: теолошко-философскиот, книжевниот и уметничкиот. Така ќе ги определиме предностите како потенцијални елементи на неговата благородна функција во иднината. Противречностите како предизвици, со чие разгатнување точно ќе се определи што е позитивно, а што негативно. Слабостите како елемент што произлегува од негативното во противречноста, кои неопходно треба да се преобразат, или ако се непроменливи – да се надминат.
ПРОГРАМА:
04. (петок) август 2017 – Теолошко-философски поглед на постмодерната
Учесници:
Проф д-р Ристо Солунчев – Философски факултет, Скопје;
Проф. д-р отец Стефан Санџакоски – Теолошки факултет, Скопје;
Проф. д-р отец Милан Ѓорѓевиќ – Теолошки факултет, Скопје;
Калистрат Санџакоски – дипломиран теолог, Струга
05. (сабота) август 2017 – Книжевно-поетски поглед на постмодерната
Учесници:
Митрополит Американско – канадски г-дин Методиј (Златанов);
Димитрие Дурацоски – писател и сликар;
Проф. д-р Иван Додовски – Американски универзитет, Скопје;
М-р Ненад Јолдески – писател, Струга
06. (недела) август 2017 – Архитектонски и уметнички поглед на постмодерната
Учесници:
Д-р Небојша Станковиќ – Принстон универзитет, САД;
Доц. д-р Димитри Кумбароски – Универзитет Евро-Балкан, Скопје;
Игор Котларовски – инжинер – архитект, Скопје;
Владимир Симоновски – скулптор, Битола
Почеток на дискусиите e закажан за 20:30 часот.
Извор: Strugaonline
Facebook Коментари