Oд билтенот на СВР Охрид- Марихуана пронајдена кај охриѓанец, Нарушен јавен ред и мир на плажа во Охрид

- Локални
500

На 28.06.2020г.во 02.30 часот, во СВР Охрид, приведен е е А.М.(20) од Охрид, кој, во близина на угостителски објект, лоциран на улицата „Партизанска“ во Охрид, е затекнат  при оддавање на опојна дрога марихуана. Пронајдената наркотичка дрога и друг прибор, се одземени по што, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 27.06.2020 година во 14.30 часот, на плажа во Авто-кампот „Градиште“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со карање и викање помеѓу Ј.Ѓ.(35) и Љ.С.(44), двајцата од Охрид. Против нив, во согласност со одередбите од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари