Од билтенот на СВР Охрид-Нарушен јавен ред и мир во Октиси, измама со златни предмети во Струга

- Локални
474
На 18.11.2020 година во 12.45 часот во струшкото село Октиси е нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен со метален предмет од А.М. врз Ќ.И.(61), двајцата од истото село. Против напаѓачот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.ОВР Струга поднесе кривична пријава против Д.Г. (36) од Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „изнуда“. Пријавениот, на 23.10.2020 година во Струга, физички го нападнал А.Т.(42) од Струга, барајќи да му го врати наводниот паричен долг од пет илјади евра.  

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „измама“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Л.Џ.(36) од Радовиш. Таа, на 28.07.2020 година успеала да убеди 27-годишна жена од струшко село да ѝ го донесе златото што го има во домот, кое ќе ѝ го вратела  наредниот ден. Откако добила повеќе златни предмети, пријавената избегала, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 80.000 денари.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари