Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „разбојништво“ и „попречување на правдата“, ОВР Струга поднесе кивична пријава против М.М.(34) од струшкото село Радолишта. Тој, на 16.08.2020 година, на вработен во бензиска пумпа во близина на струшкото село Теферич, му упатил сериозни закани по неговиот живот, му барал пари и од продажно место одзел поголема количина цигари и избегал.Пријавениот, потоа се обидел да влијае врз 22 годишен жител на Радолишта, сведок на настанот, да не ја кажува вистината и да даде лажен исказ за стореното разбојништво а потоа физички го нападнал.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.Ѓ.(35) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материјали“. На 27..06.2020 година во автокампот „Градиште“, при преглед извршен во патничко возило „Пежо“, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа пиштол, кој нелегално го поседувал.
Извор: СВР Охрид
Facebook Коментари