Од билтенот на СВР Охрид-Семејно насилство во Пештани, кај скопјанец пронајдена марихуана и нож

- Локални
623

На 21.08.2023 во 20.00 часот во охридското село Пештани, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Р.П.(38) од Охрид кој претходно, во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 21.08.2023 во 22.45 часот на улица „Коста Абраш“ во Охрид,  приведен е С.Ш.(44) од Скопје. При извршен преглед, полициските службеници, кај него била пронајдена и одземена марихуана и нож. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид

фото: архива

Facebook Коментари