На 24.08.2023 во 16.25 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека во с.Лабуништа, струшко, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Ќ.(63) и Р.Ќ.(69), двајцата од с.Лабуништа, при што биле употребени и дрвени предмети. По целосно докумнетирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 24.08.2023 во 15.10 часот во ОВР Струга, А.А. (43) од с.Радолишта, струшко, пријавил дека на ул.,,Владо Малески“ во Струга бил каснат од куче скитник.
Извор: СВР Охрид
Facebook Коментари