Од четири ученици, тројца ученици од „Јахја Кемал“ – државни прваци по математика

- Локални, Македонија
316

Сојузот на математичари на Македонија (СММ) ги објави државните прваци по математика за учебната 2024/2025 година, во категоријата средно образование. Особен успех постигнаа учениците од Приватното средно училиште „Јахја Кемал“, од каде што тројца ученици се прогласени за најдобри во своите генерации.-Гордо го претставуваме Леонид Тодоровски, ученик во трета година во ПСУ „Јахја Кемал“ – Струга, кој е прогласен за државен првак по математика за 2024/2025 година, во својата генерација, велат од ПСУ „Јахја Кемал“.

Прваци по години за средно образование се:

Прва година – Андреј Тасиќ, ученик во ПСУ „Јахја Кемал“ – Карпош, Скопје

Втора година – Ивано Божиновски, ученик во ДСУ Математичко-информатичка гимназија, Скопје

Трета година – Леонид Тодоровски, ученик во ПСУ „Јахја Кемал“ – Струга

Четврта година – Алексиј Тасиќ, ученик во ПСУ „Јахја Кемал“ – Карпош, Скопје

-Овој исклучителен успех уште еднаш ја потврдува посветеноста на ПСУ „Јахја Кемал“ кон неговање на академскиот потенцијал и извонредноста во математиката. Честитки до учениците и нивните ментори за постигнатиот резултат, додаваат од ПСУ „Јахја Кемал“.

StrugaOnline

Facebook Коментари