Лев банер Десен банер

Од денес до 15ти септември, уписи во Студиото за танц „Бах“ Струга

Струшкото студио за танц „Бах“, ги отвора своите врати за нови членови, од денес сите кои сакаат да танцуваат и да ја почувствуваат магијата на сцената можат да се запишат во студиото кое е гордост на нашиот град и чија успешна приказна е инспирација за сите.

Новата танцова сезона за Старите членови ќе започне на 1ви септември, а нови ќе се примаат до 15ти септември. Од студиото имаат зацртано доста интересни планови со кои ќе ја радуваат Струшката публика во следната сезона, а за уписите велат: 

Уписи во нашето Студио од 15ти август до 15ти септември. Во август на телефонскиот број 078 447 530 а веќе во септември може и лично во нашето студио кое се наоѓа во просториите на центарот за култура Струга. Ве молиме почитувајте го уписниот рок, бидејќи се работи по одредени програми и децата треба да ги следат часовите од сам почеток. Повелете, влезете во светот на танцот заедно со најдобрите, ви гарантираме дека ќе се вљубите и ќе бидете наше семејство засекогаш, Ве очекуваме.

StrugaOnline

error: