Од денес во Охрид еден час паркинг чини 30 денари
Од денес на јавните паркинзи со кои стопанисува ЈП „Билјанини извори“ ќе се наплаќа по 30 денари за еден час паркирање.
– Согласно одлуката за дополнување и изменување на одлуката за утврдување на цени за користење на паркинг простори, Бр. 02-1267/2, донесена на 27. 12. 2022 година, ЈП „Билјанини извори” ги известува сите граѓани дека од 1-ви октомври, ќе има измена на цените на паркинг услугите кои ние ги стопанисуваме. Имено, цените на зона А, зона Б, вклучувајќи ја и Премиум зона, ќе изнесуваат 30 денари за секој еден час паркирање на јавно паркиралиште со кое ние стопанисуваме, информираат од претпријатието.
Оваа цена ќе важи заклучно со 31-ви март 2026 година.
StrugaOnline

