Од денеска се обновува сезонската авиолинија од Белград до Охрид со Air Serbia
Во текот на летната сезона во 2023 година, авио компанијата Air Serbia ќе лета до Охрид и 22 нови дестинации до кои не леташе минатата летна сезона.

ТАВ Македонија денеска организира настан со кој ќе се одбележи обновувањето на сезонска авиолинија од Белград со Air Serbia.
Првиот авион се очекува да слета околу 14:35 часот, по што ќе се одржи церемонија за добредојде со воден мост, пречек на патниците и сечење лента.
Се очекува присуството на министерот за транспорт и врски во Владата на Република Македонија Благој Бочварски, генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт и директорот за комерцијални работи и стратегии на Air Serbia, Бошко Рупиќ.
Според најавите, билетите за Охрид се достапни по цена почнувајќи од 49 евра.
Извор: Охридпресс
фото: архива

