Од денеска се пуштени во продажба билети за годишниот концерт на Балетското студио ,,БАХ“

- Локални
616

На 29-ти јуни во Центар за култура ,,Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржи годишниот концерт на Студиото за танц ,,БАХ“ со наслов ,,101 Танчер“.

Публиката оваа година ќе има можност да проследи еден поразличен драмско-танцов перформанс за кој подетално ќе информираме во наредниот период.

Со оглед на тоа дека интересот за концертите на Балетскиот студио ,,БАХ“ секогаш е огромен, билетите се пуштени во претпродажба од денеска, сите заинтереситани билет можат да си набават во просториите на Студиото за танц ,,БАХ“, повеќе информации можете да добиете на телефон 078 447 530.

Strugaonline

Facebook Коментари