Од идната година во Струга ќе се отвараат нови профили во средните стручни училишта

- Локални
853
Градоначалникот на Општина Струга Г-дин  Рамис Мерко заедно со претсавници од МОН и заменик министерот Арафат Шабани го продолжија социјалниот дијалог со компаниите од град Струга, со цел од идната година да се отворат нови профили во средните стручни училишта.
,,Веруваме дека сите заеднички ќе ги идентификуваме реалните потреби и ќе можеме да одговориме на барањата на компаниите, но и да го унапредиме стручното образование кое што ќе создава кадар потребен на реалниот сектор.“-вели градоначалникот Мерко.
Социјалниот дијалог се одвива во рамки на консултативниот процес „Учи паметно, работи стручно” за потребата од отворање одредени профили и паралеки во средните стручни училишта во градовите низ државата од идната учебна година.
Strugaonline

Facebook Коментари