Од Охрид и Струга помилувани 4 лица кои сториле кривични дела

По повод Новата Година, според членот од Уставот на Република Македонија, во кој се пропишува дека Претседателот дава помилување на определени лица за кривични дела, од извршување на казната затвор делумно се ослободуваат 54 осудени лица.
Меѓу помилуваните се две лица од Охрид и исто така две лица од Струга. На едното помилувано лице од Охрид, предходно ѝ била одредена казна затвор во траење од 6 месеци, додека на второто лице, казна во раење од 2 месеци. Додека на двете лица од Струга предходно им била изречена казна во траење од по 3 месеци.
Во Одлуката, претседателот се повикува на членот 84, став 1, алинеја 9 од Уставот на Република Македонија, во кој се пропишува дека Претседателот дава помилување во согласност со закон и на членот 1 од Законот за помилување, во кој се пропишува дека дава помилување на поименично определени лица за кривични дела предвидени со закони на Република Македонија, во согласност со одредбите на Кривичниот закон и одредбите од Законот за помилување. Оваа Одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе биде објавена во „Службен весник“.
извор: ОхридПрес

