Од утре Струга е домаќин на Државното младинско првенство во шах

- Локални
959

Од утре до 25-ти јуни во хотел Дрим во Струга ќе се одржи Државното младинско првенство во шах во категории до 18 години и во машка и во женска конкуренција.

Оваа година, на првенството ќе дебитираат четворица членови на младинската шаховска школа-Струга и тоа: Дарин Кадриоски, Горан Пешиноски, Јована Котушеска и Февронија Кумбароска.

Во категоријата до 10 години од поискусните млади шахисти, струшки претставник ќе биде талентираниот младинец, минатогодишен вицешампион во категорија до 8 години, Лука Симоноски.

Во категорија до 14 години младинската шаховска школа -Струга ќе ја претставува талентираниот Герасим Кумбароски.

,, После напорната шаховска сезона 2021/2022, од сите струшки учесници очекувам да постигнат успех и да се потрудат медалите и пехарите да останат во Струга. Во изминатиов период, цели осум месеци  имавме навистина посветени и сериозни подготовки кои верувам дека ќе вродат со плод.-изјави за Strugaonline и Play radio, Ѓоко Котески, тренер на шаховската школа-Струга.

Државното младинско првенство ќе започне утре во 16:00 часот.

Strugaonline

Facebook Коментари