Од вечерва до петок, четири проекции на филмот ,,Хомо“ во Охрид

- Локални
408
Филмот „Хомо“премиерно на кино репертоарот во НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид со четири проекции од вечерва до 13-ти ноември во 19:00 часот.
Што е тоа човек? „Хомо“ прикажува шест лица, шест состојби во луцидно поврзани епизоди проткаени со црн хумор.
„Ова е скопски филм, за нашата генерација и за времето во кое живееме. Проектот е копродукција на пет земји и посебен предизвик е неговата реализација, во која е вклучена голема меѓународна екипа, околу 70 актери и преку 450 статисти. За потенцирање е и возниот парк од 100 возила“, вели продуцентот Томи Салковски.
Во филмот ,,Хомо“ во режија Игор Иванов – Изи,  глумат Наташа Петровиќ, Игор Ангелов, Оливер Митковски, Јелена Јованова, Сашко Коцев
Кинематограферка е Маја Радошевиќ од Србија, монтажата е на Мартин Иванов, сценографијата на Кирил Спасески, а костимите на Полонца Валентичиќ од Словенија.
За време на проекциите ќе се почитуваат сите мерки за заштита од вирусот ковид 19, согласно протоколот бројот на публика е ограничен.
Strugaonline

Facebook Коментари