Лев банер Десен банер

Одбележан денот на формирањето на четвртата, седмата албанска бригада на НОВ и ПО на Македонија

Сојузот на борците на народноослободителната и антифашистичка војна на македонија на општина Струга, на 26 август, со полагање на цвеќе на спомениците беше одбележан датумот 26 август 1944, денот на формирањето и борбениот пат на четвртата /седмата/ албанска бригада на НОВ и ПО на Македонија.

Според зборовите на првиот човек на ОО на борците од Струга, претседателот Ајрадин Мемети, кој истакна дека Бригадата е формирана на планината Караорман, во месноста „Рудина“ на 26.08.1944 година, со Одлука на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија.

Штабот на бригадата го сочинувале: командант Нафис Сулејман, заменик командант Шаик Садику, политички комесар Ќемаил Аголи и заменик Џафер Кодра.

При формирањето бригадата броела 164 борци од кои еден младински баталјон кој дошол од Дебар, а го сочинувале Албанци, Македонци, Македонци-Муслимани и Турци од Дебар и дебарските села, а другиот баталјон го сочинувале борци Албанци, Македонци, Власи и Турци од Струга и струшките села. Командата  на Вториот баталјон беше во состав: Азис Цами како командант и Љубе Мариноски политички комесар. Третиот баталјон го предводел Муарем Ибраими како команмдант и Јован Панчески како политички комесар.

Бригадата учествуваше при ослободување на Струга, како и на Сремскиот фронт во сите борбрни дејствија.

При заминувањето на Сремскиот фронт бригадата броела 501 борец и се надополнува со нови борци од Кичево, Гостивар, Тетово, како и од Скопје, Куманово, а потоа се организира како Седма Албанска бригада на НОВ и ПО на Македонија,во состав на 42 – Дивизија. По капитулација на Германија преку Босна се враќа во Македонија.

Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

error: