Одбележан денот од формирањето на шестата македонска народноослободителна ударна бригада
Сојузот на борците на народноослободителната и антифашистичката војна на Македонија на општина Струга, на 6 септември 2022 година, со свечана седница и полагање свежо цвеќе на споменикот од НОБ, беше одбележана 78 годишнината од формирањето и борбениот пат на Шестата македонска народноослободителна ударна бригада (6 септември 1944).

Бригадата во своето основање броеше околу 1000 борци, а за потребите и значењето на нејзиното формирање говорел претставникот на Главниот штаб, Видое Смилевски-Бато. Штабот на бригадата беше составен од искусни борци, дотогаш припадници на Првата Македонска народноослободителна ударна бригада, како и командант Ѓорѓевиќ-Алија, заменик на командантот Захарија Трајковски-Брко, политички комесар Киро Сотировски – Строгов и заменик на политичкиот комесар Младен Милошевски. Во поширокиот состав на Штабот на бригадата беше и Милица Лукиќ, одговорна за санитет.
Претседателот на ОО на борците од Струга, Ајредин Мемеди, истакна дека Бригадата е формирана на планината Караорман,в о месноста „Рудина“ на 6 август 1944 година и учествуваше при ослободување на Струга, како и на Сремскиот фронт во сите борбени дејствија.
Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

