Сојузот на борците на народноослободителната и антифашистичка војна во Македонија на општина Струга, со свечена седница и полагање свежо цвеќе на спомениците во Струга, како и месната заедница во село Локов го одбелажаа 6 септември 1944 година, денот од формирањето и борбениот пат на Шестата македонско народноослободителната ударна бригада.
Според зборовите на претседателот на ОО на борците од Струга, Ајредин Мемеди, кој истакна дека Бригадата е формирана пред 81 година, на 6 септември 1944 година во „Караорман“ во местото „Рудина“. Формирањето уследило по приливот на поголем број борци во Првата македонска нардноослободителната ударна бригада, а со Одлука на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија.
Бргадата во своето основање броела оклу 1 000 борци, за потребата и значењето на нејзиното формирање говорел претставникот на Главниот штаб, Видое Смилески-Бато.
Штабот на бригадата беше составен од искусни борци, дотогаш припадници на Првата македонска народноослободителна ударна бригада, а имено: командант Драган Ѓорѓиевиќ – Алија, заменик на командантот Захарија Трајкоски-Брко, политички комесар Киро Сотировски – Строгов и заменик политички комесар Младен Милошевски. Во поширокиот состав на штабот на Бригадата беше Милица Лукиќ, одговорна за санитет.
Веднаш по формирањето, уште наредниот ден, на 7 – ми септември бригадата тргнува кон Крушево да ги ликвидира бугарските позиции кај Црско, а потоа да го ослободи Крушево. Во Крушево бригадата се омасовува со нови борци, а потоа добива нова борбена задача да ги разбие непријателските сили на потегот Кичево-Полог, а потоа дејствува на просторот на Сува Гора каде по тешки пресметки со балистичките сили избива на комуникацијата Скопје-Тетово за натамошно дејствување. На 18 ноември истата година (1944), заедно со Првата, Четвртата и Петнаесетата бригада учествува за ослободување на Гостивар.
-На 15 декември бригадата се дислоцира во Кичево, со еден баталјон во Дебар, дејствувајќи притоа во состав на 49-та дивизија на НОВ на Македонија се до ослободување на земјата, истакна Мемеди.
Текст и фото: СТОЈАН КУКЛУНЕШОСКИ
StrugaOnline
Facebook Коментари