Лев банер Десен банер

Одбележани 164 години од смртта на браќата Миладиновци во Струга

Денеска во Струга беа одбележани 164 години од смртта на Димитар и Константин Миладинови, истакнати дејци и основоположници на македонската преродба. Со пригодна програма беше оддадена почит на нивното големо дело и неизбришливиот траг што го оставија во македонската култура, јазик и историја.

Браќата Миладиновци остануваат запаметени како неуморни поборници за културната слобода на македонскиот народ и за зачувување и афирмација на мајчиниот јазик. Нивното творештво и просветителска мисија имаат огромно значење не само за македонската литература, туку и за националниот идентитет и историскиот развој на Македонија.

На одбележувањето присуствуваа претставници од НУ Музеј „д-р Никола Незлобински“, НУ „Струшки вечери на поезијата“, НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“, просветни работници и ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“, директни потомци на браќата Миладиновци, како и бројни граѓани од Струга и поширокиот регион.

Со ваквите настани се потврдува трајната вредност на делото на браќата Миладиновци, кое и денес претставува инспирација и силен темел на македонската културна и историска свест.

StrugaOnline

error: