Лев банер Десен банер

Oдбележани 200 години од раѓањето на Наум Миладинов

На 11 ноември 2017 година во големата сала на Домот на културата „Браќа Миладуновци“ во Струга, пред голем број стружани и други гости почитувачи на делата на Миладиновци се одржа свечена академија по повод 200 годишнината од раѓањето на Наум Миладинов (1817 – 2017 година.)

За животниот пат и музичкото творештво на Наум, братот на Димитар и Константин Миладинови говереа историчарот проф.Петар Аврамоски и доцент д-р Димитар Кумбароски.Професор д-р отец Стефан Санџакоски кој одржа беседа на тема „Наум Миладинов – маркантен и светлозарен претставник на православната философија на животот според Богочовекот Христос“.

„Благопријатно е кога ќе ти се укаже чест да зборуваш за една благородна личност каква што е личноста на Наум Миладин. Затоа што  тој е личност кој со своето дело ги заслужила почестите, не само од својот род и од својот роден град Струга, туку и од татковината и од својот народ. Кога ќе се земат предвид сите вредности на оваа личност произлегува дека нашиот род и татковината имаат свет долг да го слават и чествуваат.“ Истакна Проф.Петар Аврамоски.

 

Стојан Кукунешоски

Strugaonline

error: