Лев банер Десен банер

Одбележани 81 година од денот на ослободување на Струга

Општинската организација на Сојузот на  борци со низа свечености го одбележаа празникот 8 – ми Ноември и 81 година од ослободувањето на градот Струга во Втората светска војна.

Во чест на празникот се положи цвеќе пред споменикот на Револуцијата на плоштадот во Струга и на бистите на кејот на реката Црн Дрим, со тоа што делегациите кои положија цвеќе пред спомен- обележјата на паднатите борци од НОБ и го одбележаа 8-ми Ноември, Денот на ослободувањето на градот Струга, како и 81 година слободна Струга.

Претседателот на Боречката организација од Струга, Ајредин Мемети, кој беше организатор за ова 81 -во јубилејно одбележување прв положи цвеќе и им оддаде почит со едно минутно молчење на сите учесници во НОБ кои се бореа против фашистичкиот окупатор. Голем број на млади животи згаснаа за ослободување на градот Струга што партизанските одреди ги водеа со фашистичкиот окупатор на 8- ми Ноември 1944 година. Благодарение на нивното херојство 81 година подоцна Струга  е слободен град- светска туристичка културна и книжевна претстолнина на македонскиот народ.

Тој истовремено честитајќи им го на своите сограѓани, Денот на ослободуваањето, истакна дека оставаме аманет на следните генерации да го чуваат, да го почитуваат овој голем ден за градот Струга, зошто е во чест на сите кои ги положија животите за слободата на Струга.

На борците од Втората светска војна, кои го дадоа својот живот за слобода, самостојна Македонија, кои се изборија за слободен град, се поклонуваме, и им одаваме почит за нивното херојство, нивната жртва за тоа што го дадоа за својот град. Им благодариме за идеите, за потребата да си свој на своето. Ветуваме дека, како генерација ќе се грижиме со почит кон нив, да не видат заборавени, – заврши Мемети.

Свежи цвеќиња положија делегации на локалната самоуправа, делегација на ЗП Струга, на АРМ, политички партии, здруженија на граѓани, подржувачите и почитувачите на делото на Јосип Броз Тито, Активот на жени, ученици од основните училишта од градот и др. Свеченост имаше и во Основното училишта „Јосип Броз Тито“ Струга.

Текст: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

StrugaOnline

error: