Лев банер Десен банер

Одбележување педесет години театарска дејност на Ристе Миладинов во Струга

По повод педесет години театарска дејност на Христо (Ристе) Миладинов, Драмското студио „Миладин“  организира настан со богата програма.  Настанот ќе се одржи во холот на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ , на 15-ти септември (сабота)  со почеток во 19:30 часот. Во рамиките на програмата предвидено е да настапи хорот „Калистрат Зографски“, потоа ќе биде претставен дел од драмата „Сириус“ . Исто така, предвидена е Беседа на Проф.Д-р Протопрезвитер Стефан Санџакоски по повод педесет години од дејноста на Ристе Миладин. Свое обраќање ќе има Лидија Столеска од името на членовите на Драмското студио „Миладин“ , а свој настап ќе има и Христијан Миладинов. Во склоп на настанот ќе бидат доделени благодарници и ќе биде отворена изложбата со фотографии на Ристе Миладин од неговите одиграни улоги во Драмските претстави.

Strugaonline

error: