Одлични резултати на регионалниот натпревар по македонски јазик на учениците од ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга

- Локални
202
На 26.04.2025 во РЦСОО „Ванчо Питошески“ во Охрид се одржа Регионалниот натпревар по македонски јазик, на кој сите ученици на ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга постигнаа одлични резултати, освоени места и обезбедија учество на Државниот натпревар.
Прво место за Антонија Унуфрова VI одд. и второ место за Василиј Домазетоски VI одделение – ментор Марија Ашталкоска.
Второ место за Анна Гук VII одделение, трето место за Марија Блажеска VII одд, прво место за Матеј Далчески VIII одд. и второ место за Тарик Изејроски VIII одделение – ментор Климентина Рембоска Столевска.
Трето место за Анастасија Ашталкоска IX одд, и трето место за Христијана Гулеска IX одделение – ментор Дијана Секулоска Поповски.
StrugaOnline

Facebook Коментари