На сцената на годинашното издание на меѓународниот музички фестивал „Охридски трубадури – Охрид-фест 2025, на преубавиот Долни Сарај, за овие 32 години настапија огромен број естрадни ѕвезди: Калиопи, Дадо Топиќ, Мики Јевремовиќ, Горан Каран, Неда Украден, Зорица Конџа, Биба Додева, Тоше Проески, Срѓан Марјановиќ, Јасмин Ставрос, Бојан Маровиќ, Владо Калембер, Сања Долежал со „Нови фосили“, Ристо Самарџиев, „Bony M”, Маја Оџаклиевска, Гоца Тржан, Јелена Томашевиќ, а, ова лето и Оливер Мандиќ.
Српскиот кантавтор Оливер Мандиќ ќе биде гостин на фестивалот „Охрид-фест 2025“, на Интернационалната вечер, која ќе се одржи на 30 август, на сцената на Долни Сарај. Тој ќе ја добие наградата за трајни вредности, за својот голем музички хит – „Питају ме, питају“.
Фестивалот „Охрид-фест – Охридски трубадури“ почнува на 29 август, со Фолк-вечерта, на која ќе пеат: Благоја Грујовски, Нино Величковски, Сузана Спасовска, Ибуш Ибраимовски, Благица Павловска, Наум и Зуица, Перо Христов, Ленче и Горан Кукиќ, Блага Петреска, Сузана Гавазова, додека во забавната, Интернационална вечер ќе настапат: Принц од Врање (годинашниот српски евровизиски претставник), црногорскиот поп-пејач Бојан Маровиќ, Бојана Скендеровски, Ана Петановска, Андријана Јаневска, Сашо Гигов-Гиш, Блаж Маротов… Двете фестивалски вечери ќе бидат пренесувани на фреквенцијата на МРТВ, како и на неколку балкански телевизии. Традиционално, водителка ќе биде добро познатата и омилената Ирена Спировска.
StrugaOnline
Facebook Коментари