Охрид и Македонија презентирани на Саемот за туризам во Нови Сад

- Локални
318
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот е учесник на 55то издание на саемот за туризам во Нови Сад, кој се одржува од 28-30 ноември, 2024г.
На македонскиот штанд директорката Билјана Стефаноска имаше можност да ги презентира потенцијалите и новите туристички продукти кои се конкурентни и атрактивни за сите посетители.
Остварени се состаноци со туристичкиот сектор на Србија, долгогодишната соработка и пријателството имаат резултат, а тоа се гледа во протокот на туристи меѓу двете земји.
Српскиот пазар е еден од најважните за македонскиот туризам, бројот на туристи од Србија во континуитет се зголемува, и поради тоа потребна е зајакнета промоција за задржување и зголемување на бројот на туристи и остварени ноќевања.
StrugaOnline

Facebook Коментари