Природните и историски убавини на Македонија се најдоа во најновата репортажа посветена на нашата земја во угледниот природно-научен магазин National Geographic.
„Македонија може да биде една од светски најфасцинантните и недоволно медиумски промовирани места. Поранешна југословенска република, оваа малечка земја, едвај поголема од Вермонт е сместена помеѓу Грција, Албанија и Бугарија на Балканскиот полуостров.
Денешна Македонија е една мешавина од персиско, грчко, римско, отоманско, српско и советско влијание. Пријателите пијат кафе во кафулињата од каде се слуша жив словенски разговор помеѓу облаци од цигари и звукот на наздравување со чашка ракја, додека заоблените куполи на православните христијански цркви го делат небото со кулите на муслиманските џамии“, пишува во статијата посветена на Македонија.
„Дојдете во Охрид и ќе ви се чини дека ве транспортирале на Медитеранот. Кристално чистите води на Охридското Езеро, едно од најстарите езера во светот, датираат повеќе од милион години. Ридестиот град Охрид, дом на 56,000 жители и една од најстарите населби во Европа е сместен помеѓу бујна вегетација. Целиот регион е заштитен од страна на УНЕСКО како светско културно наследство. Значењето на Охрид во религиозната историја се гледа во десетиците цркви и манастири, како црквата Свети Јован Канео, која се наоѓа на работ на една карпа до езерото. Иако восхитувачка, таа може да биде и надмината од страна на Свети Пантелејмон, најстариот словенски манастир каде е обновена прецизната камена градба“, пишува авторот Avery Stonich во делот за Охрид.
Во статијата се наведуваат и десетте најдобри природно-историски места кои треба да се посетат во Македонија и што секое од нив нуди.
Facebook Коментари