Лев банер Десен банер

Охрид со богата културна програма ќе го одбележи 23 Октомври

Општина Охрид со низа културни настани ќе го одбележи 23 Октомври, празникот кој го симболизира стремежот на македонскиот народ за слобода, самостојност и национално достоинство.

Под мотото на историскиот пат од идејата за слобода, преку револуционерната борба, до независноста, од Општина Охрид посочуваат дека вредностите што ја одбележале македонската историја остануваат трајна инспирација и денес.

Програмата по повод празникот започнува со промоција на ученичката поетска збирка „Тие доаѓаат“, петто издание, која ќе се одржи во галеријата на НУ Центар за култура „Григор Прличев“, со почеток во 11:30 часот.

Во рамки на одбележувањето, на 22 октомври, со почеток во 19 часот, на малата сцена при НУ Центар за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи свечената академија под наслов „Од идеја до независност“. Предвидено е обраќање на претставник од Општина Охрид, како и соодветна културно-уметничка програма.

Централните активности ќе продолжат на 23 октомври. Во 11 часот ќе биде положено цвеќе пред спомен-обележјата на охридските револуционери во Градскиот парк, во знак на почит кон нивното историско наследство и придонесот во борбата за слобода.

Програмата ќе биде заокружена во 19 часот со промоција на книгата „Калдрма“ од м-р Никола Митровиќ-Бабе.

StrugaOnline

error: