Намаленото присуство на луѓето периодов предизвика да се забележат и некои досега „невидливи“ животински видови.-објавија од „Охрид SOS“.
На охридското пристаниште деновиве е забележан и Големиот Нуркач (Podiceps cristatus) фатен од камерата на член на Охрид SOS.
Oд таму информираат дека лебедите навлегуваат кон чаршијата, а пак други видови се охрабрени и слободно се чувствуваат по паркови, зелени површини. Во недостиг на градска бучава се слуша поењето на птиците.
„Во вакви услови можеме да видиме колкав е човечкиот притисок врз нив, врз животната средина и колкав простор им одземаме.“ – велат од граѓанската иницијатива.
ФОТО: Охрид SOS
Facebook Коментари