Охридскиот центар за култура ја најави програмата за ,,Прличеви беседи 2021“

- Локални
542

Охридскиот центар за култура ќе го чествува својот патрон, Григор Прличев.

Во петок од 11:45 часот во изложбениот салон ќе биде отворена изложба на ликовни дела од колекцијата на установата. Од 12:00 часот во малата сала, согласно здравствените протоколи за заштита од корона вирусот, ќе се одржи свечената програма, со настап на хорот „Вокс Лихнидос“, oбраќање на претставник од НУЦК “Григор Прличев”- Охрид, oбраќање на претставник од Општина Охрид, претставување и артистичка изведба на наградената поема за 2020 година „Капетаните” и врачување на наградата на лауреатот Лилјана Пандева која исто така ќе има свое обраќање.

Strugaonline

Facebook Коментари