Охридскиот хор Vox Lychnidos освои повелба за негување и унапредување на македонска хорска музика на натпревар во Ниш

- Локални
158
Охридскиот мешан хор Vox Lychnidos освои повелба за негување и унапредување на македонска хорска музика на 29-то издание на интернационалниот натпревар ,,Блистави гласови” што викендов се одржа во Ниш, Србија.
Како што оценуваат од тимот на Vox Lychnidos, признанието кое го добиле е резултат на страста, посветеноста и вештината на нивниот извонреден и маестрален диригент Бурим Хидри, но и трудот и посветеноста на членовите на хорот.
 
-Викендот беше исполнет со возбудливи моменти, исклучителни искуства и незаборавни доживувања. Ова признание беше кулминација на нашиот труд, посветеност и љубов кон музиката. Се чувствувавме горди и благодарни што нашиот талент и напор беа препознаени и наградени. Особено сме горди што имавме можност премиерно да изведеме композиција од нашиот композитор Гоце Гавриловски.-велат од Вокс Лихнидос.
Покрај самиот натпревар, тие имале и ретка можност да одржат проба со светски познат диригент Томас Каплин од кого научиле нови техники.
-Ова искуство беше нешто што сите нè инспирира и ни донесе нови знаења и техники кои ќе ги носиме со нас во иднина. Учевме од најдобрите и се чувствувавме како дел од нешто навистина посебно.-потенцираат членовите на хорот.
Додаваат дека со нетрпение го очекуваат следниот музички предизвик, инспирирани и мотивирани заедно со нивниот маестро Бурим, а нивната цел е посебноста на музичката приказна наречена Vox Lychnidos  да се прераскажува и на поголеми сцени.
Strugaonline
фото: FB страница  Vox Lychnidos, Mixed City Choir

Facebook Коментари