Охридскиот театар новата театарска сезона ја започнува на 20 февруари со хит претставата „Секс, лаги и љубомора“

- Локални
235
Охридскиот театар новата театарска сезона ја започнува на 20 февруари 2025 (четврток) со хит претставата „Секс, лаги и љубомора“ на Марк Камолети во режија на Коле Ангеловски.
Улогите ги толкуваат актерите: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Билјана Билаловиќ- Вељаноска, Адријана Билаловиќ-Тодороска, Елизабета Стефановска-Јандреовска и Марија Новак.
Претствата се игра со почеток во 20.00 часот, карти во продажба од понеделник (17.02.2025 г.) цената на билетот е 300 денари. Билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот и 13:00-20:00 часот на денот на изведба на претставата.
StrugaOnline

Facebook Коментари