Лев банер Десен банер

Охридските нуркачи од Центарот „Амфора“ го развиорија македонското знаме во преубавото море кај Хургада во Египет

Професионална екипа од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид го развиори македонското знаме во преубавото море кај популарниот туристички центар Хургада во Египет.

Нуркањето во Црвено Море е една од работите кои се препорачуваат при секоја посета на овој регион. Локациите важат за едни од најубавите на светот, со корални гребени, разновиден жив свет и кристално чиста вода. Температурата на водата ретко се спушта под 22 Целзиусови степени, дури и во длабоко во зимскиот период (декември-февруари). Во текот на летото, температурата на водата достигнува и 30 степени. Видливоста е исклучителна и достигнува максимални 40 метри, поради што областа наликува на огромен аквариум и овозможува извонредни подводни фотографии.

Временските услови, исто така, се исклучително поволни, со температури што се движат од 20 до 40 степени во зависност од периодот во годината.

извор: ОхридПрес

фото: НЦ „Амфора“

error: