Охридско Езеро и Студенчишко Блато заштитени подрачја на Светската Рамсарска Листа

- Локални
1164

На 60 седница Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од ре-прогласување на Охридско Езеро и прогласување на Студенчишко Блато за заштитени подрачја и нивно номинирање во Светската Рамсарска Листа.

Владата го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со општините Охрид, Дебрца и Струга да изнајдат финансиски средства за изготвување на Студија за валориазција на природни вредности за Охридско Eзеро и за апликација за номинација на Охридско Eзеро и Студенчишко Блато во Светската Рамсарска Листа.

извор: Влада на РМ

фото: архива

Strugaonline

Facebook Коментари