Охридското Езеро на 21 см над максимумот, на истекот кај Струга отворени само две порти

- Локални
1288

 И покрај тоа што Охридското Езеро во моментов е на 693,96 метри надморска височина, односно на 21 сантиметри над максималната граница од 693,75 метри, денес на истекот на езерото во реката Црн Дрим беа отворени само две порти. – објави Охрид Прес

Тони Маркоски, раководител на сектор во ХЕС Црн Дрим, неодамна истакна дека максималниот испуст што може да се направи од езерото е 75 метри кубни во секунда, што значи дека во моментов се испуштаат 20-30% од таа вредност. Деновиве во Охридското Езеро има прилив од 140 метри кубни во секунда вода или на дневно ниво водостојот на езерото расте за два до четири сантиметри. Како што истакна Маркоски, веќе месец и пол двете хидроцентрали на ХЕС Црн Дрим, ХЕЦ Глобочица и ХЕЦ Шпилје работат со полн капацитет и го испуштаат максималното дозволеното ниво на вода што може да пројде низ турбините, а за да се испушти вода низ прелицните испусти потребна е дозвола од Министерстовто за животна средина и другите надлежни органи.

– Улогата на ХЕС Црн Дрим е да го регулира нивото на води и да балансира меѓу нивото на Охридското Езеро, но и нивото на Црн Дрим кое може да предизвика поплави во Струшко поле и во селата покрај реката. До 1965 година Охридското Езеро воопшто не беше регулирано, а откако почна регулацијата е спречено поплавувањето, рече Маркоски.

Целиот текст можете да го прочитате на следниов ЛИНК

Извор и фото: ОхридПрес

Facebook Коментари